ШОК ВО КРУСИБЛ: Актуелниот светски шампион Вилсон го заврши својот настап

Првиот ден од Светското првенство во снукер, ни го донесе и првото големо изненадување откако својот настап го заврши актуелниот шампион Кајрен Вилсон од Англија.

Тој во „Крусибл театарот“ во Шефилд беше шокиран од неверојатниот Кинзе, Леи Пејфан кој во трилер меч славеш со 10-9.

Двајцата играчи играа во серии. Вилсон поведе со 6-2, по што следуваше серија од седум фрејма на Кинезот за водство од 6-9. Вилсон успеа да се врати до 9-9, а во последниот фрејм посигурен беше Пејфан за конечен триумф од 10-9.

Се вчитува...