Шок во Мадрид – Гризман заминува од Атлетико!

Атлетико Мадрид и францускиот интернационалец Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе се разделат, бидејќи Французинот сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес.

Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година. Но, шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира до крајот на март да одржи состанок со челниците на мадридскиот клуб на кој ќе го извести раководството на Атлетико дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.

Гризман наводно сака да игра за Лос Анџелес, од семејни причини, каде веќе играат неговите сонародници Оливие Жиру и Уго Лорис.

Релево истакнува дека челниците на мадридскиот клуб ќе му дозволат на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.

Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.

Се вчитува...