Најдобриот тенисер на денешницата, Карлос Алкараз доживеа шокатна елиминација од вториот АТП мастерс 1000 сезонава кој се игра на терените на „Хард рок“ стадионот во Мајами.
Шпанецот во третото коло беше изненаден од домашниот тенисер кој моментално е 36. на АТП листата, Себастијан Корда со 2-1, по сетови 6-3, 5-7 и 6-4.
Во осминафиналето Корда ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Русинот Карен Хачанов и Шпанецот Мартин Ландалуче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

