Крајно изненадувачки, осмата светска тенисерка Елена Рибакина е елиминирана во второто коло на ВТА Мастерсот во Мајами.
Од неа беше подобра Американката Ешли Кругер, која е 140-та на светот, победувајќи во три сета со 6-4, 2:-6, 6-4.
Овој резултат претставува значајна пресвртница во кариерата на младата Ешли Кругер и дополнително потврдува колку е полн со изненадувања тенискиот спорт. Во текот на целиот меч, Кругер демонстрираше моќен сервис, погодувајќи дури осум асови и освојувајќи 71% од поените на нејзиниот прв сервис.
Таа во третото коло ќе игра против Канаѓанката Лејла Фернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА