Поранешната тенисерка број еден во светот, Наоми Осака, го предаде мечот од третото коло на Австралија Опен без борба.
Јапонката требаше да се соочи со домашната претставничка Медисон Инглис во осминафиналето, но одлучи да не излезе на теренот. Таа ја објасни ситуацијата на својот Инстаграм профил.
„Морав да донесам тешка одлука и да се повлечам за да му го посветам на моето тело многу потребното внимание по претходниот меч. Бев толку возбудена да продолжам и оваа кампања ми значеше најмногу, ми го крши срцето што морам да престанам. Сепак, не можам да ризикувам да предизвикам поголема штета на моето тело за да се вратам на теренот што е можно поскоро. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка, многу сум благодарна на сите што ме прегрнаа. Ви благодарам на мојот тим кој секогаш ми е на грб, ви благодарам на организаторите за нивната љубезност.“
Во првите две кола, по одлична борба во три сета, Осака ги надигра Хрватката Антонија Ружиќ и Романката Сорана Кирсте, кои за време и по мечот се пожалија на нејзиното неспортско и детско однесување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

