Шок во Минхен: Редар му „влезе“ на Мората, капитенот неизвесен за финале!?

Шпанската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство, во Минхен ја совлада Франција со 2:1, а по мечот дојде до тежок инцидент кој не заврши најдобро за капитенот на Црвената фурија.

Имено, еден од редарите се обидел да фати навивач кој истрчал на теренот и во таа прилика се лизна и го удри Мората, кој подоцна куцајќи и со болна гримаса отишол во соблекувалната.

Мората го држеше коленото, а постои шанса да дојде до посериозна повреда, која може да го чини учество во финалето на шампионатот на Стариот континент.

Се вчитува...