Новата разочарувачка сезона во која Миловки Бакс одново потфрли во НБА лигата може да донесе и заминување на ѕвездата на тимот, грчкиот репрезентативец Јанис Адетокумпо.
Интересот за крилниот центар претпознатлив по неверојатниот атлетизам е голема, но за него примамлива е понудата од Канада, пренесуваат американските медиуми.
Адетокумпо верува дека Торонто Рапторс предводени од српскиот стратег Дарко Рајаковиќ имаат компетентен тим каде перфектно би се воиграл со цел да стигне до нова шампионска титула.
Договорот на Гркот со Милвоки Бакс е до крајот на следната сезона по што сам ќе одлучува дали ќе ја продолжи децениската кариера во Висконсин. Со цел клубот да не ја загуби ѕвездата без надомест ќе биде приморан да прифати трејд ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

