Шок во Париз: Енрике го напушта ПСЖ!?

Шпанска „Марка“ пренесува екслузивна информација дека сегашниот тренер на ПСЖ, Луис Енрике не планира да го продолжи договорот со „Светците“, и дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Ваквата вест е вистински шок за парискиот клуб и навивачите, особено што Енрике за кратко време стана омилен меѓу љубителите на клубот, со освојувањето на Лигата на шампионите минатата сезона. Главната причина за ова не се финансиите, туку наводно ПСЖ сака нов предизвик, односно да направи чекор напред во својата кариера и да работи во друг проект.

Доколку ова се случи, тогаш Енрике ќе биде слободен агент, и ќе биде еден од најбараните тренери на трансфер пазарот. За него веднаш би имало интерес и од клубови, и од репрезентации, особено што без тренери на крајот од сезоната може да бидат клубовите од Манчестер, како и некои репрезентации.

Се вчитува...