Работната недела за фудбалскиот клуб Партизан започна шокантно откако тренерот Саво Милошевиќ си поднесе оставка од тренерската функција.
Српскиот стратег одлуката им ја соопштил на фудбалерите во соблекувалната, си ги прибрал работите и си заминал од спортскиот центар во Земун, објавија српските медиуми.
Како што открива „Телеграф“ причината за изненадната одлука доаѓа поради мешање во вршењето на задачата од страна на Предраг Мијатовиќ кој му диктирал кој ќе биде во првиот тим на Партизан.
Медиумите кај нашиот северен сосед веќе шпекулираат и со неговиот наследник. Првото и најзвучно име кое се јавува е Саша Илиќ, легендарниот фудбалер на Партизан кој веќе некое време е без ангажман како тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА