Со големи проблеми се соочува српскиот фудбалски гигант Партизан кој може да остане без лиценца за учество во натпреварувањата на УЕФА:
Како што пренесуваат српските медиуми, раководството на Партизан не успеало да се договори со поранешниот првотимец Никола Антиќ за исплата на долговите. Левиот бек во меѓувреме се пресели во Казахстан, но не му ги прости долговите кон поранешниот клуб.
Сепак, ниту еден од документите како „доказ“ не е доставен на адреса на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Српската куќа на фудбалот, имајќи ја предвид темата и временскиот рок, преку надлежната комисија, зазеде став за краткорочно продолжување на рокот до конечниот договор. Партизан има само 48 часа да го реши проблемот.
Никола Антиќ во Хумска улица пристигна во летото 2023 година со задача да го замени претходниот капитен Слободан Урошевиќ, кој во истиот преоден рок го засили кипарски Арис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА