Амир Абдур-Рахим, кошаркарски тренер на колеџ, почина во четвртокот на само 43 години. Ова го соопшти Универзитетот во Јужна Флорида. Според неофицијалните информации, Американецот починал поради компликации при операција.
Мајкл Кели, спортски директор на Универзитетот во Флорида, тагува за оваа огромна загуба
„Тој беше автентичен, посветен. Тренерот Абдур-Рахим остави траен белег на нашите спортисти, универзитетот и заедницата“, рече Кели.
Официјалната причина за смртта се уште не е позната. Зад себе ги остави сопругата Аријана и трите деца.
Неговиот постар брат Шареф (47) долго време играше во НБА (Ванкувер Гризлис, Атланта Хокс, Портланд Трејл Блејзерс и Сакраменто Кингс).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА