ШОК ВО САД: Пронајден мртов НФЛ играч

Американската спортска јавност е во шок по веста дека поранешниот НФЛ вајлд рисивер Рондејл Мур очина на 25-годишна возраст. Тој беше пронајден мртов во саботата навечер (21 февруари 2026) во гаража на семејна куќа во Њу Олбани, Индијана.

Началникот на полицијата во Њу Олбани, Тод Бејли, изјави дека постои сомнеж дека станува збор за самоубиство со пукање во глава, но истрагата продолжува, а аутопсија е закажана за денеска. Мур беше избран во втората рунда на НФЛ драфтот 2021 година од страна на Аризона Кардиналс, откако блесна на Универзитетот Пердју под водство на тренерот Џеф Бром.

Првите три сезони (2021–2023) ги помина во Аризона, потоа кратко беше во Атланта Фалконс, а во 2025 година потпиша со Минесота Вајкингс. За жал, сериозни повреди на коленото го спречија да игра официјални натпревари во последните две сезони — прво во подготовките 2024, а потоа уште еднаш на првиот претсезонски натпревар за Вајкингс.

Се вчитува...