Шок во Шангај: Синер се повреди и го предаде мечот!

Мастерс-турнирот во Шангај продолжува без Јаник Синер откако првиот носител беше принуден да го предаде мечот од 1/16 финалето против Грикспор.

Се играше третиот сет кога при резултат 2-2 Синер заработи незгодна повреда на мускулот, тој се обиде да продолжи, но веднаш стана јасно дека проблемот е сериозен, Грикспор стига до брејк, по што Синер и дефинитивно го предаде мечот…

Во ситуација кога Алкараз воопшто не игра, а Синер се откажа, сега главни фаворити за трофејот во Шангај се Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.

Се вчитува...