Шок во Сити: Алварез сака да замине затоа што не му се допаѓаат временските услови во Манчестер

Манчестер сити се соочува со непријатна ситуација откако аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез побарал трансфер поради бизарна причина, која за многумина не е разбирлива.

Аргентинецот побарал раскин на договорот затоа што не му се допаѓале временските услови во Англија. Тој и неговото семејство сакале потопла клима и поради тоа официјално побарал да замине од „Итихад“.

Но, дел од англиските медиуми пренесуваат и дека, во позадина стои и главната причина за неговата желба за заминување, а тоа е незадоволството од минутажата која ја добива од Пеп Гвардиола. За Аргентинецот заинтересирани се ПСЖ и Челси, но постои можност да ја продолжи кариерата и во Атлетико Мадрид.

Се вчитува...