Шок во Србија: Братот на Немања Видиќ пронајден мртов, под неразјаснети околности

Трагедија во семејството Видиќ. Братот на познатиот поранешен српски репрезентативец, Немања Видиќ е пронајден мртов, под неразјаснети околности. Немања не зборуваше многу за својот брат Душан во јавноста

Душан Видиќ, братот на Немања Видиќ, е пронајден мртов, објавува српски Телеграф. Околностите на смртта на Душан, за кого Немања не зборуваше многу во јавноста, не се познати.

Факт е дека Немања зборуваше многу малку за своето семејство. Заедно со својот постар брат почнале во фудбалот во Ужице, но потоа Душан се откажал од фудбалот и се занимавал со кошарка.

Немања Видиќ, кој е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Црвена Звезда, Интер и Спартак, досега не се огласи во врска со семејната трагедија. Неодамна беше виден како го гледа дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во друштво на Сер Алекс Фергусон, кое неговиот Јунајтед го доби со 2-0.

Се вчитува...