За многумина љубители на формула 1, Шарл Леклер и Ферари се едно те исто. Веќе со години се симбол за заеднички сон за титула, која никако да дојде.
Уште од неговото деби во Заубер во 2018 година, Леклер важеше за еден од најперспективните возачи. Само година подоцна се пресели во Маранело, каде што целта му беше да стане светски првак. Меѓутоа тој сон и натаму не е остварен. И покрај тоа што Ферари имаше повремени блесоци, сепак, им недостасува констатност за да се бори за титула.
И покај тоа, Леклер никогаш не се доведувал во комбинација за заминување. Се до сега. Според достапните информации, Леклер сака тимот да се бори за титула, и доколку тоа не се случи и идната година, тогаш ќе разгледува дурги опции на пазарот за возачи.
Шефот на тимот Фред Васер најави дека почетокот на 2026 година ќе биде период на прилагодување, и уверен е дека тимот ќе напредува брзо. Сепак, Мерцедес и Ред Бул веќе ги покажаа своите способности да ги поместуваат границите. Затоа Леклер сака јасни одговори, но не ветувања, туку реални перформанси на патеката за да може да се бори за титула. Романсата веќе не е доволна, се бараат резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

