Поранешниот голман на Њукасл и на Вест Хем Јунајтед, Шака Хислоп, објави дека се бори со рак на простата. Хислоп се пензионираше во 2007 година, а од тогаш стана фудбалски коментатор на ЕСПН, каде што се етаблираше како еден од најдобрите.
Поранешниот репрезентативец на Тринидад и Тобаго беше принуден да сподели шокантни здравствени вести со навивачи, и дека се бори со „прилично агресивна“ форма на рак.
Голманот додаде дека седум и пол недели бил подложен на радиотерапија.
„Пред околу 18 месеци отидов на домашен преглед и направив ПСА тест. Овој пат мојот ПСА беше покаже. Преку биопсија открија дека имам агресивен рак на простатата. ПРед една година имав радикална простатектомија, и мислев дека тоа е крајот. Но, шест месеци подоцна мојо ПСА беше повторно покачен, а друго скенирање покажа дека ракот на простатата се проширил на карличната коска. Набргу потоа почнав со третман со лекови и токму утрово завршив седум и пол недели радиотерапија. Патувањето продолжува“, изјави Хислоп, а апелираше сите мажи над 50 години задолжително да одат на проверка на ПСА.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

