Питер Лундгрен, поранешниот тренер на Роџер Федерер, почина на 59-годишна возраст.
Тажната вест ја соопшти неговиот син Лукас.
Лундгрен минатата година беше подложен на ампутација на стапалото по тешка инфекција, која дополнително беше искомплицирана поради неговите проблеми со дијабетес тип 2.
Инаку, Лундгрен со Федерер работеше три години, од 2000 до 2003 година, кога Швајцарецот го освои првиот Грен слем трофеј на Вимблдон.
Пред тоа му помогна на Марсело Риос да влезе во Топ 10. Подоцна соработувал со Марат Сафин, Британската федерација, Маркос Багдатис, Григор Димитров, Стен Вавринка, Даниелa Хантухова.
Швеѓанецот и самиот беше професионален тенисер, а најдобар пласман му беше 25. позиција на АТП листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА