Израел е првиот полуфиналист на Европското првенство за играчи до 21 година кое се одржува во Романија и во Грузија. Вечерва на стадионот „Борис Паичадзе“ во Тбилиси пред 60.000 гледачи, младите играчи на Израел го елиминираа домаќинот Грузија по изведувањето на пеналите.
Во регуларниот дел беше без голови, а така остана и по продолженијата. Грузија бодрена од своите навивачи не успеа да го скрши отпорот на Израелците.
Во пенал серијата, Грузија промаши два пенали, додека Израел ги реализираше сите четири, за конечен триумф. Сега Израел ќе го чека подобриот од Англија и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА