Шок во Тирана: Албанија загуби и испадна во Ц сегментот во Лигата на Нации

Репрезентацијата на Албанија во идното издание во Лигата на Нации ќе игра во Ц сегементот, каде што досега беше Македонија. На Албанците им требаше само еден бод во дуелот со Украина, и Грузија да загуби од Чешка, за да обезбедат опстанок, а со победа ќе беа сигурно второпласирани, но тие беа поразени од Украина. Албанија имаше дури и можност да се бори за првата позиција и пласман во А сегментот, ако победеа над Украина, а Чешка и Грузија одиграа нерешено.

Украинците дојдоа до предност во 10. минута со 0-2. Зинченко во 5. минута го отвори резултатот, а Јаремчук во 10. минута зголеми на 0-2.

Недим Бајрами од пенал само успеа да намали, но не и да се спаси од пораз. Чешка ја совлада Грузија со 2-1, и го обезбеди првото место во групата. Шулц и Хложек по првиот дел донесоа предност за Чесите од 2-0, а Микаутадзе само намали во 60. минута.

Чешка на крајот заврши како првопласирана и оди во најсилниот сегмент, додека Украина ќе разигрува за пласман во А сегментот. Селекцијата на Грузија ќе се бори за опстанок во Б сегментот.

Standings provided by Sofascore

Во Ц сегментот испадна и репрезентација на Црна Гора, која ја победи Турција на домашен терен со 3-1, но претходно беше познато дека Црногорците ќе се селат ранг подоле. Од таа група Велс се пласираше во А сегментот. Турција скапо го плати поразот во Подгорица, и мораше да се задоволи само со втората позиција и разигрување за пласман во А сегментот.

Во Ц сегментот, селекцијата на Шведска како првопласирана со 16 бодови оди ранг погоре, заедно со Македонија. Швеѓаните вечерва на свој терен го „растурија“ составот на Азербејџан со 6-0. Ѓекереш постигна неверојатни четири голови, додека два даде Кулушевски. Словачка беше подобра од Естонија со 1-0, а Малда и Андора играа без голови.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...