Шок за Ал Наср: ФИФА не им дозволи да го регистрираат Брозовиќ

По вчерашниот шок за Ал Наср, кога ФИФА им забрани да прават трансфери, сега нови непријатности за тимот во кој настапува Кристијано Роналдо. Денеска стигнало соопштение во кое ФИФА им забрани да го рестрираат најновото засилување, хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ.

Брозовиќ е еден од играчите кои не смеат да бидат регистрирани за суадискиот клуб, се додека Ал Наср не го реши проблемот со долгот кон еден свој поранешен играч, кој ги тужеше и ги доби.

Хрватскиот репрезентативец веќе почна и тренинзи со екипата, меѓутоа сега неговата иднина е неизвесна, иако се очекува тимот да го отплати долгот и Хрватот да биде дел од екипата за идната сезона.

Станува збор за долг од 400.000 евра. Ал Наср се очекува во иднина да ангажира уште некоја фудбалска ѕвезда, а се повеќе се споменува Хаким Зијеш.

Се вчитува...