Шок за Алкараз… Ѓоковиќ треба да му биде благодарен на Монфиј

Карлос Алкараз неславно го заврши настапот на Мастерс-турнирот во Синсинати откако загуби на својот премиерен меч, и тоа од ветеранот Гаел Монфиј со 1-2 во сетови. Од ваквиот исход презадоволен дефинитивно е и Новак Ѓоковиќ, ако се знае дека раната елиминација на Шпанецот значи дека Алкараз нема да може да го мине Србинот на АТП-листата, но Ноле ќе ја има улогата на втор носител во ждрепката за УС Опен.

Алкараз имаше предност од 1-0 во сетови и негатива од 1-3 во тајбрејкот во вториот сет кога мечот доцна синоќа беше прекинат. Монфиј го доби тајбрејкот, по што следеше целосен распад на Шпанецот кој експресно го загуби сервисот на стартот од решавачкиот сет. Алкараз имаше можност да возврати со иста мера, но ја искористи, по што третиот светски тенисер во моментов ги загуби нервите, па го скрши рекетот удирајќи го од подлогата.

Монфиј искусно ги освои следните гејмови на свој сервис и триумфираше со конечни 6-4, за прва победа на францускиот ветеран над Топ 3 тенисер на АТП-листата по повеќе од две години пауза.

Јаник Синер без борба се пласираше во следната фаза откако Австралиецот Томпсон се откажа поради повреда, додека Каспер Руд неочекувано загуби со 0-2 во сетови од Оже Алијасим со 1-6, 3-6.

Се вчитува...