Шок за Англија пред Сенегал: Стерлинг нема да игра поради семејни причини

Англија вечерва против Сенегал ќе биде без услугите на Рахим Стерлинг, кој нема да биде во комбинација поради фамилијарни причини, објавија од англиската репрезентација. Стерлинг веројатно нема да биде во составот и до крајот на Мундијалот, и веќе се подготвува да замине дома.

Од таму не јавија повеќе детали, само дека крилото на Англија нема да биде во комбинација поради „фамилијарни причини“.

Засега нема информација што се случува со Стерлинг. Претходно од составот на Англија отпадна и Бен Вајт.

Се вчитува...