Шок за Англија: Тухел брише уште една „ѕвезда“ за СП 2026?

Томас Тухел се соочува со сериозен притисок по слабите игри на последните контролни средби, а англискиот селектор не го крие разочарувањето од настапот на Фил Фоден.

Тухел веќе го избриша Трент Александер Арнолд од мундијалскиот список, а последните информации говорат дека тој сериозно размислува да се откаже и од услугите на Фоден. Офанзивниот фудбалер го загуби првотимскиот статус во Манчестер Сити, што му се одрази и врз самодовербата во националниот тим.

Фоден доби шанса како стартер на последниот пријателски дуел со Јапонија, но беше најслаб поединец на теренот, по што и самиот Тухел не криеше дека очекува повеќе од овој фудбалер, кој беше без шут во рамките на противничкиот гол, само два успешни дриблинзи и еден допир со топката во противничкиот шеснаесетник.

„Со Фоден ситуацијата е чудна. Тој се обиде се, би рекол дека беше одличен на тренинзите, но да, точно е – се мачи тоа да го пренесе на терен кога се играат натпреварите, а тоа е најважно. Фил дојде со најголема насмевка на собирот, беше многу добар, верував дека ќе не изненади сите со истиот жар и ентузијазам и кога ќе почнат средбите. За жал, реалноста е дека се мачи, не успева да го даде на теренот она што се очекува од него“, истакна Тухел.

Се вчитува...