Шок за англиската легенда: Доби отказ од С.Арабија без ниту еден пораз

Фудбалскиот клуб Ал-Кадисија од Саудиска Арабија, му врачи отказ на легендарниот англиски фудбалер Роби Фаулер, само четири месеци откако беше назначен за тренер на овој тим.

Отказот за 48-годишниот Фаулер без сомневање претставува големо изненадување, со оглед дека тимот имаше шест победи и две ремија, без пораз во досегашниот дел од првенството. Единствениот пораз го претрпе во Купот.

„Клубот ги цени напорите на тренерот и неговиот професионализам во изминатиот период и му посакува успех во кариерата“, стои во соопштението на Ал-Кадисија.

На местото на Фаулер беше назначен екс тренерот на Севилја, и Олимпик Марсеј, Мишел Гонзалез.

Се вчитува...