Аргентина денеска одржа лесен тренинг, но фановите на „гаучосите“ имаат причина за загриженост откако Лионел Меси воопшто не се појави на тренингот крај репрезентативните колеги.
Според првичните информации, Меси се пожалил на болка во бутниот мускул на левата нога, по што стручниот штаб на чело со селекторот Скалони не сака да ризикува да дојде до влошување на состојбата. Се очекува асот на ПСЖ ниту утре да не биде во тренажен процес, но неговото присуство во големото финале закажано за в недела воопшто не се доведува во прашање.
Сепак, останува дилемата колку е сериозна повредата и колку таа ќе остави трага врз настапот на најдобриот аргентински фудбалер, кој ќе мора да биде во топ-форма доколку Аргентинците сакаат да се надеваат на триумф во големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА