Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц доживеа повреда на скочниот зглоб настапувајќи за германската репрезентација во 4. коло од Лигата на нации на натпреварот против Холандија.
Вирц го започна натпреварот, но одигра само едно полувреме бидејќи пред самиот крај се пожали на повреда. Тој веќе се вратил назад во Леверкузен каде по детални прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на десниот зглоб.
Шампионот на Бундеслигата ја потврди повредата и објави дека тој ќе биде неизвесен за престојниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА