Баерн Минхен едвај најде тренер за фудбалската екипа, а сега баварскиот гигант се соочува со нов проблем, ќе мора да бара нов кормилар и за кошаркарскиот евролигаш откако Пабло Ласо денеска изненадувачки си замина од кормилото на овој клуб.
Ласо минатото лето дојде во Минхен и имаше уште една година од актуелниот договор со баварците, но поради семејни причини инсистираше да си замине од Баерн, барање што управата на баварскиот гигант го прифати утрово објавувајќи ја разделбата од 56-годишниот Шпанец.
„Личната одлука на Пабло беше големо изненадување за нас, но премногу го почитуваме како тренер и како човек за да му застанеме на патот. Му благодаиме за успешната работа и големата посветеност во минатата сезона и му посакуваме многу успеси во иднина. Тој секогаш ќе остане поврзан со нас, и тоа не само поради двојната круна што ја освои“, изјави менаџинг-директорот на Баерн, Марко Пешиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА