Шок за Баерн Минхен: Важен играч го информирал клубот дека сака во Реал Мадрид

Францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Дајот Упамекано сака да стане играч на Реал Мадрид. Според „Марка“, дефанзивецот на Баерн го информирал својот агент за ова и веќе почнал да работи на потенцијален трансфер. Иако Мадрид е фокусиран на други цели, се разгледува можноста.

Пред да се пресели во Минхен, фудбалерот веќе беше поврзуван со мадридскиот клуб, а сега има намера да го оствари својот сон и да се приклучи на клубот.

Идната година во таборот на „кралевите“ може да му се приклучи и неговиот репрезентативен колега Ибрахима Конате , кој може да се пресели во Реал Мадрид откако ќе му истече договорот со Ливерпул следното лето.

Тековниот договор на Упамекано со Баерн е со важност до 30 јуни 2026 година.

Се вчитува...