Играчот на Баерн Минхен, и во моментов еден од најдобрите играчи во репрезентацијата на Германија Џамал Мусиала е во преговори со „Баварците“ за нов договор. Актуелниот истекува во 2026 година, па Баерн не сака да ја повтори грешката со Алфонсо Дејвис а да чека до последен миг за продолжување на соработката.
Мусиала ги шокирал челнциите на Баерн со неговите барања. Според германските медиуми, тој барал во неговиот договор да има клаузула во висина од 175 милиони евра. Тоа е сумата која некој клуб доколку би ја платил, тој би можел да замине од Минхен.
Баерн сакал неговата клаузула да биде повисока, од половина милијарда евра, но Мусиала не се согласил на такво нешто. Веројатно ќе дојде до договор клаузулата да биде околу 200 милиони евра што ќе одговара и на двете страни.
Договорот треба да биде потпишан наскоро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА