Шок за Баерн: Нојер пак мора „под нож“

Атмосферата во Баерн по двете убедливи победи над Андерлехт и Мајнц сериозно беше нарушена во текот на денешниот ден, откако беше обелоденето дека Мануел Нојер заработи нова тешка повреда. Весникот „Билд“ прв обелодени дека одличниот голман ќе мора повторно да оди на операција, откако било утврдено дека повторно се здобил со скршеница во пределот на стопалото.

Во текот на денешниот ден врз Нојер биле извршени детални прегледи, кои само ги потврдиле стравувањата – станува збор за обновување на старата повреда поради која голманот на Баерн ги пропушти првите средби од стартот на новата сезона. Тој се повреди во четвртфиналето од ЛШ со Реал Мадрид и потоа повеќе од четири месеци беше надвор од терените, а како што јавуваат германските медиуми, и овојпат се очекува слична пауза.

Ова би значело дека Нојер сигурно нема да настапи до крајот на првиот дел од сезоната во Бундес-лигата, но и ќе ги пропушти преостанатите пет меча од групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...