Екипата на Баерн Минхен го претрпе првиот пораз во Бундеслигата, откако денеска во рамките од 14. коло загуби на гостувањето во Мајнц. Ниту најголемите песимисти не очекуваа „Баварците“ да се лизнат на ова гостување, а тоа најдобро го искористи тимот на Баер Леверкузен кој лесно го совлада Аугзбург на гости.
Ли Јае-Сунг ги шокираше „Баварците“ со два гола. Најпрво во 41. минута донесе предност, а потоа и во 60. минута со многу среќа го доведе Мајнц до предност од 2-0. Баерн долго време се обиде да се врати во мечот, и тоа му успеа во 87. минута на Сане, но само да го ублажи поразот.
Најмногу од овој пораз профитираше Баер Леверкузен, кој со победа му се доближи на водечкиот тим на четири бода. Актуелниот првак во првиот дел го реши победникот на гостувањето во Аугзбург, откако Терие и Вирц стрелаа за победа од 0-2.
Борусија Менхенгладбах со убедливи 4-1 беше подобар од Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА