Повредата на Усман Дембеле е многу посериозна од првичните лекарски прогнози, па францускиот ас нема да може да настапува за Барселона до крајот на оваа 2017 година. Иако лекарите најавија дека паузата ќе изнесува од три до четири седмици, деталните пргледи покажаа кинење на тетиивата во пределот на бицепсот на левата нога.
„Станува збор за многу сериозна повреда. Тој ќе биде опериран во Финска од страна на Докторот Сакари Орава, специјалист за вакви повреди, а камбекот можеме да го очекуваме дури во 2018 година“ – потврдија од раководството на Барселона.
Ова дефинитивно е сериозен удар за каталонците, со оглед на фактот дека Французинот беше доведен како замена за Нејмар, па сега играта во офанзива на Барселона дефинитивно ќе биде значително ослабена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА