Барселона има сериозни финансиски проблеми и пред стартот на оваа сезона, а проблемите за Ханси Флик дополнително се зголемија откако Илкај Гундоган поднесе барање да си замине од клубот во овој преоден рок.
Германецот дојде минатото лето од редовите на Манчестер Сити, но не делува премногу импресионирано откако Флик застана на чело на стручниот штаб на Барселона летово. Во изминатите две седмици се шпекулираше дека Гундоган е желба на неколку турски гиганти, тој најпрвин го демантираше тоа, но денеска и официјално побарал од клупските директори да му дозволат да си замине од „Камп Ноу“.
Пред Лапорта е тешка одлука, дали да води инает и да се обиде да го задржи искусниот играч за врска или да даде зелено светло за негово експресно заминување.
Трансферот на Гундоган би можел да биде и решение за проблемите на Барселона ако се знае дека Германецот е еден од најплатените фудбалери во тимот, а неговото заминување би оставило простор за регистрација на Дани Олмо и на уште едно засилување што би било доведено до крајот на овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

