Барселона допатува како апсолутен фаворит за гостувањето против Овиедо, па затоа е големо изненадувањето што домашниот тим прв стигна до предност, и тоа со фантастичен погодок од околу 40 метри.
Голманот Гарсија се посрамоти со лоша интервенција откако истрча од сопствениот шеснаесетник, топката стигна до Реина, кој маестрално од огромна далечина ја погоди празната мрежа на каталонците.
Фантастичниот гол на Реина против Барса можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Со овие 1-0 се замина и на одмор, па јасно е дека каталонците ќе мора што поскоро да се опорават од шокот, во спротивно уште повеќе ќе се зголеми негативата од два бода што ја имаа во однос на Реал Мадрид во пресрет на оваа шеста рунда од Примера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

