Лионел Меси постигна два гола за Барселона при денешното реми со Валенсија, но најдобриот фудбалер на Барса притоа заработи и незгодна повреда поради која ќе мора да мине извесно време надвор од терените. Аргентинецот се повреди при резултат 2-2, неколку минути откако му беше укажана лекарска помош тој се врати на теренот и го доигра мечот, но беше очигледно дека болката по ударот во мускулот го оневозможува да го даде максимумот.
Иван Ракитиќ во изјава по натпреварот откри дека Меси се жали на повреда, а медиумите вечрва обелоденија дека проблемот воопшто не е наивен. Имено, најверојатно станува збор за удар во мускулот на десната нога, а дополнително ќе биде откриено дали има посериозни последици и евентуално кинење на мускулни влакна.
Како и да е, Аргентинецот речиси сигуно ќе го пропушти првото „Ел Класико“ против Реал Мадрид во Копа Дел Реј, закажано за среда. Повеќе детали околу точната дијагноза и должината на неговото отсуство од тренинзите и натпреварите се очекуваат во текот на утрешниот ден, по извршените детални лекарски прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА