Барселона ќе има тешка задача да го совлада Бетис во утрешниот меч од второто коло во „Ла Лига“ откако вечерва беше обелоденето дека Лионел Меси нема да може да му помогне на каталонскиот гигант на овој натпревар. Аргентинецот тренираше со тимот во последните два дена, но лекарскиот тим очигледно процени дека ризикот до нова повреда е преголем, па асот на Барса не се најде на списокот на фудбалери за утрешната пресметка.
Проблемите на Валверде се уште поголеми ако се знае дека поради повреди утре на располагање ќе ги нема ниту Дембеле и Суарез, во меѓувреме беше продаден и Кутињо, па Барса сега во нападот ќе го има само Антоан Гризман.
Во однос на премиерниот натпревар со Атлетик Билбао, на кој Барса загуби со 1-0, Валверде утре повторно на располагање ќе ги има Видал и Артур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА