Кошаркарот на Барселона, Николас Лапровитола, речиси сигурно нема да може да му помогне на тимот до крајот на сезоната.
Барселона потврди дека Аргентинецот претрпел повреда која ќе го остави надвор од терените во следните три месеци, па сезоната за него е практично завршена.
Ова е нова лоша среќа за Аргентинецот кој ја пропушти речиси целата мината сезона поради операција на коленото, а во тековната сезона веќе имаше период на отсуство поради повреда на мускулот.
Оваа сезона одигра 20 натпревари во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

