Тренерот на Барселона, Ханси Флик, би можел да се соочи со сериозни предизвици во претстојната сезона, доколку клубот остане без еден од своите клучни фудбалери – Роберт Левандовски.
Според информациите на шпанскиот „Ел Национал“, 37-годишниот полски напаѓач добил астрономска понуда од Саудиска Арабија – двегодишен договор вреден 100 милиони евра, односно 50 милиони по сезона. Покрај тоа, пакетот вклучува и дополнителни бенефиции за него и неговото семејство.
Левандовски, кој во Барселона пристигна од Баерн Минхен во 2022 година, има договор со каталонскиот клуб до летото 2026 година. Сепак, оваа финансиски привлечна понуда сериозно ја доведува во прашање неговата иднина на „Камп Ноу“.
Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде тежок удар за Флик, кој токму на искусниот голгетер смета како на клучен играч во напаѓачката линија за сезоната 2025/26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

