Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски заработи повреда на натпреварот од 32. коло на Ла Лига против Селта , кој го добија драматично со 4:3. Полскиот интернационалец беше принуден да биде заменет во второто полувреме и денеска ќе биде подложен на опсежни тестови за да се утврди неговата состојба.
Според информациите на „АС“, од соблекувалната на Барса се песимисти околу можноста Лева да учествува на претстојните натпревари. Можно е да се работи за кинење на мускулот во задниот дел на бутот. Во таков случај, закрепнувањето на Полјакот може да потрае најмалку три недели. Тоа значи дека ќе го пропушти финалето од Купот на Шпанија против Реал Мадрид на 26 април.
Во ова сценарио, тешко дека Левандовски ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, кои се на 30 април и 6 мај, што би било тежок удар за амбициите на „Каталонците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА