Шок за Барселона: Левандовски поради еден гест добива суспензија од три дерби натпревари?

Барселона ја продолжи победничката низа во шпанското првенство и го задржа врвот на табелата и по вчерашниот натпревар против Осасуна. Каталонците кои остнаа со играч помалку уште во 31. минута по црвениот картон на Роберт Левандовски сепак славеа со головите на Педри и Рафиња во второто полувреме.

Полскиот голгетер кој оваа сезона 13 пати стрелаше во Ла Лига доби два жолти картони според кои требаше да добие суспензија од само еден натпревар, но казната може да биде на три поради гестикулација кон судијата Хесус Гил Монзано.

Левандовски со еден прст покажува кон Монзано, а другиот го става на носот со што гестикулира дека судијата е потплатен, а сличен гест претходно му донесе три меча суспензија на Монтел од Севилја.

Делителот на правдата тоа уредно го запишал во записникот и сега само се чека одлука од Дисциплинската комисија на Ла Лига. Доколку истата одлучи дека станува збор за „искажување на презир и исмевање на судиите“ Полјакот го чека суспензија за три дерби натпревари. Градското дерби против Еспањол и гостувањата кај Атлетик и Бетис.

Се вчитува...