Шок за Барселона: „Новиот Бускетс“ ги скина лигаментите

Фудбалерите на Барселона по третото коло останаа единствената екипа со максимален учинок во новата сезона од шпанското првенство, а Дани Олмо го постигна победничкиот гол за 2-1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано во својот прв сениорски настап за каталонскиот тим.

Освен Олмо, средбата ја одбележа и Марк Бернал, младиот 17-годишен играч за врска на каталонскиот клуб.

Бернал доби шанса да игра, а го нарекуваат „новиот Бускетс“ поради зрелоста со која игра. Меѓутоа после натпреварот стигна шокантна вест, дека младата ѕвезда ги скина лигаментите. Со тоа следува долга рехабилитација и пауза од најмалку шест месеци, и можеби ќе се врати на крајот од сезоната.

Бернал е иднината на Барса, дури стартуваше во првите 11, тренрот Флик имаше големи планови за него, но за нивно реализирање ќе треба да почека.

Се вчитува...