Сосема неочекуван исход на кошаркарскиот меч во Барселона, во кој се сретнаа домашниот тим и Армани Милано. Италијанската екипа однесе победа, иако влезе во мечот како аутсајдер. Сепак, предводен од Хал и од Шилдс, дојде до голема победа, можеби и најголема во досегашниот тек од Евролигата.
Одлично го отворија мечот кошаркарите на Милано, и првата четвртина ја добија со 19-29, а на полувреме заминаа со 11 поени разлика. Барселона се разбуди во вториот дел, ги доби третата и четвртата четвртина, но предоцна за да направи пресврт, и така мораше да се помири со поразот.
Хал со 21 поен беше најефикасен, додека го следеше Шилдс со 19. Кај поразениот тим, Калиниќ со 17 беше најдобар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА