ШОК ЗА БИХ: Џанан Муса итно опериран

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена.

ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од репрезентацијата на Евробаскетот.

Неофицијално, закрепнувањето трае 14 дена до почетокот на нормалниот тренажен процес, но дури и во тие услови, Муса не би требало да биде целосно подготвен за настапи, па затоа најверојатно нема да настапи на Евробаскетот.

Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќинот Кипар, Италија, Грузија, Шпанија и Грција.

Се вчитува...