Шок за Борусија Дортмунд: Најдобриот голгетер бара да биде продаден

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси можно е да го напушти клубот на крајот од сезоната. Гираси кој сезонав апостигна 18 голови и шест асистенции, верува дека е подготвен за чекор погоре и сака да оди во поголем клуб.

Гираси има клаузула во договорот за 35 милиони евра, и самиот тој наводно побарал доколку пристигне понуда за оваа сума од некој клуб од Премиерлигата или некој друг поголем тим, да биде прифатена.

Се очекува многу заинтересирани страни да има за потписот на голгетерот, со оглед дека сумата е одлична за таков стрелец каков што е Гираси.

Се вчитува...