На Челси му се заканува уште поголема криза во наредниот период откако англискиот премиерлигаш беше казнет со забрана за трансфери во следните два преодни рокови поради прекршување на правилата при доведување на малолетни играчи во своите редови.
Истрагата траеше повеќе од една година, за на крајот ФИФА да го прогласи Челси виновен за прекршување на членот 19 од Правилникот за трансфери на светската куќа на фудбалот, и тоа во реализацијата на дури 29 млади фудбалери, и прекршување на членот 18 за уште двајца трансфери на млади играчи.
Покрај оваа забрана, Челси ќе треба да плати и дополнителни 600.000 швајцарски франци како парична казна за истиот престап.
Ова е огромен проблем за „сините“, кои нема да можат да ги засилат своите редови во летниот преоден рок, како и во јануари 2020. Ако на ова се додадат и гласините дека Азар дефинитивно летово ќе си замине од „Стемфорд бриџ“, јасно е дека Челси се повеќе ќе заостанува зад водечките клубови во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА