Далас ќе биде и тоа како ослабен вечерва на третиот натпревар од полуфиналната плејоф-серија против Оклахома, со неиграњето на својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ.
Според информациите од клубот непосредно пред денешниот меч, Словенецот не можел да ги издржи болките во коленото поради што ќе мора да го пропушти натпреварот.
Надежите на тимот се дека, со овој одмор, Дончиќ ќе може да биде комплетно подготвен за четвртиот натпревар со Оклахома.
Третиот натпревар меѓу двете екипи се игра вечерва од 21:30 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА