Фенербахче уште еднаш непријатно ги изненади своите фанови откако турскиот првак неочекувано загуби на домашен терен од Макаби со минимални 79-81. Израелскиот гигант е без шанси за пласман во четвртфиналето, но сепак со максимално ангажирана игра успеа да ги изненади избраниците на Жељко Обрадовиќ, кои одиграа потпросечно во одбраната и беа казнети буквално во последната секунда, кога Ландсберг го погоди шутот за победа на гостите од Тел Авив.
Фенер одлично го почна натпреварот, поведувајќи со 13 поени уште во текот на првата четвртина, но потоа дојде до голем пад што гостите успеаја да го искористат за да се вратат во натпреварот. Макаби имаше и предност од 50-54 во третиот период пред нашиот Перо Антиќ да погоди осум поени во низа и да го врати Фенер во водство. Во самиот финиш улогата на трагичар ја имаше Боби Диксон, кој промаши неколку шутеви во завршницата, за потоа и во клучниот напад да ја загуби топката. Макаби го искористи тоа, тргна во напад, а Ландсберг со многу среќа успеа да погоди и да му донесе огромна победа на својот тим.
Мехметоглу погоди пет тројки за 15 поени за Фенер, во чии редови Датоме го повреди рамото за уште еден проблем за Жељко Обрадовиќ. Антиќ го заврши натпреварот со осум поени и три скока, додека најефикасни кај Макаби беа Ландсберг со 22 и Симпсон со 14 поени
Lucky bounce for Sylven Landesberg to beat Fenerbahce. pic.twitter.com/cJsxcwE47K
— David Pick (@IAmDPick) March 21, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА