Шок за Ферари: Леклер и Хамилтон дисквалификувани

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, како и Пјер Гасли од Алпине, беа дисквалификувани по трката за Големата награда на Кина во Ф1, а нивните резултати беа поништени, објави денеска официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Леклерк го освои петтото место на патеката во Шангај, Хамилтон беше шести, додека Гасли ја зазеде 11-тата позиција.

Во соопштението се наведува дека Леклерк и Гасли биле дисквалификувани бидејќи нивните болиди биле полесни од минималната дозволена тежина на мерењето по трката.

Се вчитува...