Шок за Ферари: Сајнц мора на операција!

Првите два тренинга ги одработи со температура и поставуваше добри времиња, но за возачот на Ферари, Карлос Сајнц се воспостави дека ситуацијата е далеку полоша и дека нема да настапува на трката за ГН на Саудиска Арабија.

Шпанецот мислел дека има стомачен вирус, но на крајот се воспоставило дека станува збор за воспаление на слепото црево, па ќе мора на операција. Нема да биде на следниот слободен тренинг и квалификациите, ниту на трката. Ќе го замени Олие Берман, 18-годишен возач кој се натпреварува во Формула 2.

Берман беше најбрз во квалификациите за Формула 2, а минатата година возеше на два слободни тренинзи во болидот на Хас, и сега ќе има голема шанса за докажување.

Се вчитува...